Дома Фудбал Италија Гасперини пред Милан: Ние сами си ја завршивме работата, не сме одговорни за судбината на другите

Гасперини пред Милан: Ние сами си ја завршивме работата, не сме одговорни за судбината на другите

Тимот на Аталанта веќе го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите, но и понатаму овој тим може да има клучна улога во распоредот на топ 4 затоа што во последното коло три клуба се борат за преостанатите две места.

Гасперини може да биде мирен затоа што Аталанта го има обезбедено учеството во најелитното европско натпреварување, додека во Јувентус се прашуваат дали Аталанта ќе одигра професионално во недела против Милан.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аталанта ќе игра против Милан кој само со победа е сигурен дека ќе игра во Лигата на шампионите. Јувентус ќе игра со Болоња и мора да победи, но чека некој од Наполи и Милан да не запише три бода. Наполи ќе игрта со Верона.

„Пред натпреварот со Милан сите се обидуваат да не извадат од рамнотежа. Ние секогаш сами сме си ја завршувале работата и не сме одговорни за судбината на другите, секој е одговорен за тоа што го одиграл преку целата сезона. Ние имаме доволно бодови да играме во ЛШ, а сега ќе играме за да останеме втори“, изјави Гасперини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…