Дома Фудбал Гарсија прговори за „кунг-фу“ потегот на Евра

Гарсија прговори за „кунг-фу“ потегот на Евра

Изминатата вечер во Лигата на Европа ја обележи фудбалерот на Марсеј, Патрис Евра кој во стилот на својот сонародник Ерик Катоно со кунг-фу удар удри навивач на својот клуб.

До конфликтот дошло кога навивачот на Марсеј во текот на загревањето им дофрлил на фудбалерите. Евра прво се доближи и побара објаснување, за во следниот момент со кунг-фу удар да го удри навивачот во главата.

Тоа секако не му се допадна на тренерот Руди Гарсија.

„Патрис е повеќе од искусен фудбалер и не смееше така да реагира. Ние не смееме да реагираме на навредите без разлика какви се тие, бидејќи тие доаѓаат само од еден навивач“, изјави Гарсија.

Гарсија потоа зборуваше и за реакцијата на навивачоте.

„Тој е е навивач на Марсеј, бидејќи не може да ги навредувате фудбалерите за кои навивате“, зборуваше Гарсија.

Евра има 36 години, искуство секако му е посилна страна, освојуваше титули во Манчестер Јунајтед и Јувентус, но оваа сезона во Марсеј одигра само два натпревари.

evra

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…