Македонскиот капитен Горан Панев е фудбалски поим и не само кај нас туку и во Италија, тоа го докажува и денешниот текст на еден од најпознатите италијански медиуми „Газета дело Спорт“.
Серија А продолжува на 20. јуни, а „Газета“ очекува токму Пандев да биде еден од најглавните играчи на Џенова по рестартот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во текстот се потенцира дека Пандев иако има 36 години изгледа како со секоја година да е се подобар. Актуелната сезона во која Пандев постигна седум гола весникот ја опишува како најдобра во последните неколку години на македонскиот капитен.
Џенова по „рестартот“ ја очекува тешка борба за опстанок, а токму Пандев ќе биде еден од главните адути на тренерот Давиде Никола.