Дома Трансфер зона „Газета дело Спорт“: Јувентус победи во трката за Рудигер!

„Газета дело Спорт“: Јувентус победи во трката за Рудигер!

Aнтонио Рудигер според пишувањата на „Газета дело Спорт“ на лето ќе стане нов играч на Јувентус.

Утрово италијанскиот медиум пренесува дека Рудигер ги договорил сите услови со италијанскиот клуб и по завршувањето на сезоната би требало да пристигне во Торино како слободен играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најавите се дека Рудигер ќе потпише договор на четири години, а засега финансиски детали од договорот не се објавени. Претходно се истакнуваше дека германскиот дефанзивец бара плата од 12 милиони евра годишно. Челзи размислуваше дали да ги исполни барањата, имаше и информации дека работата била блиску до договор пред да дојдат санкциите за Абрамович.

Во Челзи Рудигер пристигна во 2017 година од Рома за 35 милиони евра и за него ова би било враќање во италијанскиот фудбал. За тимот на Челзи Рудигер собра 190 настапи и стана неизоставен дел од првите 11. Кариерата ја започна во Штутгарт од каде што се пресели во Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…