Дома Фудбал Англија Газдата на Тотенхем ги налути навивачите: За клубот штеди, а самиот си ја зголеми платата

Газдата на Тотенхем ги налути навивачите: За клубот штеди, а самиот си ја зголеми платата

Последните месеци не беа толку добри за Тотенхем, клубот е четврти на табелата без некои задоволителни резултати во Премиер лигата, а може да останат и без Хари Кејн кој на големо се поврзува со заминување.

Договорот на Кејн истекува за една година и се уште нема најави за продолжување, а секако дека интерес за најдобриот играч на „петлите“ има. Освен тоа клубот е и штедлив на трансфер пазарот и баш во таков момент дојде потег на газдата Даниел Леви кој ги налути навивачите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Леви си дал покачување самиот на себе и на уште неколку директори. Во 2022 година Леви заработил 3.2 милиони фунти, додека една година претходно 2.6. Па и ова зголемување на заработката за 0.5 милиони фунти не се поклопува со неговата штедлива политика.

Навивачите не се согласуваат и со негативни коментари ја критикуваат одлуката барајќи повеќе пари да се вложат во засилувања, но и да се реши прашањето за името на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…