Дома Фудбал Газдата на Олимпијакос се заразил со коронавирус!

Газдата на Олимпијакос се заразил со коронавирус!

Првиот човек на Олимпијакос, Евангелос Маринакис објави дека боледува од новиот коронавирус кој направи вистински хаос.

Оваа информација го доведува во прашање натпреварот помеѓу Олимпијакос и Вулверхемптон кој треба да се одигра во четврток во рамките од Лигата на Европа.

Предвидено беше овој натпревар да се игра пред празни трибини, но после оваа објава на Маринакис постои можност натпреварот да биде одложен.

„Овој вирус ме „посети“ и чувствувам обврска тоа да го објавам. Во овој момент сум добро и ги преземам сите мерки од советите на докторите. Строго ги советувам моите сограѓани да бидат трпеливи и да го направат истото“, објави Маринакис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус чека двојно засилување од амбулантата за гостувањето во Фиренца

Мекени и Челик повторно работеа со соиграчите, но медицинскиот тим допрва ќе одлучува дали…