Дома Топ вести Газдата на Наполи ја откри откупната клаузула на Инсиње, сумата е „симболична“

Газдата на Наполи ја откри откупната клаузула на Инсиње, сумата е „симболична“

Лоренцо Инсиње е еден од најдобрите крилни напаѓачи во Европа, притоа е „симбол“ на Наполи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инсиње, кој е дете на Наполи, во минатото имаше богати понуди од многу европски гиганти, но сепак одлучи да остане во својот матичен клуб.

Сега сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис откри дека има усен договор со неговиот менаџер Мино Раиола да го продаде за „симболична“ сума.

„Тој има симболична откупна клаузула. Мино Раиола и јас одлучивме дека ќе го продадеме ако добиеме понуда од 200 милиони евра. Тоа не е писмен договор, туку вербален. 200 милиони евра, се надевам дека е јасно“, изјави Де Лаурентис.

27-годишниот Италијанец неодамна го продолжи договорот со Наполи до 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…