Денес беа познати сите учесници во Лигата на шампионите, ЕХФ ги објави и екипите кои добија вајл-карти, а меѓу нив е и ППД Загреб.
Претседателот на хрватскиот тим Ведран Шупковиќ истакна дека е пресреќен поради ваквата одлука на ЕХФ, но и потенцираше дека тоа нема врска со исфрлувањето на Вардар од елитното европско натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Хрватска има клупски национален коефициент кој во овој момент е десетти во Европа и така аплициравме за покана. Прифатени требаше да бидат шест покани, но поради исфрлувањето на Вардар таа бројка дојде на седум“.
„Сакам да појаснам дека Загреб не го доби местото на Вардар. Нашиот статус нема врска со ситуацијата во нивниот клуб. Исто така сакам да истакнам дека ППД Загреб е трет во евалуацијата на ЕХФ од 13-екипи кои се пријавија да добијат покана“, изјави Шупковиќ.