Шпанските фудбалери вчера ремизираа со Чешка 2:2, во второто коло од „А“ дивизијата на Лигата на нации во Прага.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот гол за „црвената фурија“ на овој меч го постигна младиот играч за врска на Барса Гави и со тоа влезе во историјата на шпанскиот фудбал.




Се играше третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, кога Родри убаво го пронајде Гави, а тој ја затресе мрежата на Чешка и со тоа стана најмладиот стрелец за шпанската репрезентација во историјата.




Својот деби гол за репрезентацијата Гави го постигна на 17 години и 304 дена и никој помлад од него досега не бил стрелец.




Јасно е дека на суперталентираниот играч за врска му претстои блескава кариера, прашање е само дали ќе ја гради на „Камп Ноу“ или ќе ја напушти Каталонија и ќе најде нов клуб. Како нова потенцијална дестинација на Гави се споменува англиски Ливерпул.




⚽️ GOAL!
— Follow @ronard_addo (@footievid) June 5, 2022
Gavi gets one back for Spain in the #NationsLeague 🇪🇸
Follow @ronard_addo to never miss any goal highlights#CZEESP | #LaFuriaRoja pic.twitter.com/MShkg6hc1N