Дома Фудбал Англија Вчера од трибините се слушаше „Азар оди во Реал“ – еве што имаше Белгиецот да каже (ВИДЕО)

Вчера од трибините се слушаше „Азар оди во Реал“ – еве што имаше Белгиецот да каже (ВИДЕО)

Белгискиот фудбалер Еден Азар на големо се поврзува со трансфер во Реал Мадрид веќе подолго време.

Голем број спортски медиуми скоро секојдневно пишуваат за овој потенцијален трансфер, а „Марка“ пред неколку дена објави и дека договорот помеѓу сите три страни (Челзи, Реал и Азар) е постигнат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се пишуваше и за тоа каков договор ќе има Азар во Реал, наводно него во Мадрид договор на шест сезони со плата од 16 милиони евра по сезона. Сепак, Азар сега порача дека во овој момент е фокусиран само на настапите за Челзи и дека други работи не го интересираат.

Азар вчера одигра одличен натпревар за Челзи и со два гола на „сините“ им донесе победа од 2:0 против Вест Хем. Гостинските навивачи во еден момент со цел да го провоцираат скандираа „Азар оди во Реал Мадрид“.

https://www.youtube.com/watch?v=baAaERooLRk

Ова скандирање го искористија новинарите на „Скај Спорт“ кои после натпреварот го запрашаа Азар дали фановите знаат нешто што другите не знаат.

„Не тие грешат. Сега сум фокусиран на Челзи и крајот на сезоната. Сакам да завршиме во топ четири, а не чекаат и обврските во Лигата на Европа, сезоната не е завршена и се уште има за играње. За други работи ќе мислам кога таа ќе заврши“, порача Азар.

Азар и самиот по завршувањето на натпреварот испрати една порака.

„Ви благодарам за вечерашната подршка. Овој специјален гол беше само за вас“, гласи видео пораката на Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…