Вчера Манчестер Сити официјално објави дека клубот го напуштаат четворица фудбалери на кои им истекува договорот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Клубот од „Етихад“ потврди дека се разелува со Вили Кабаљеро, Бакари Сања, Хесус Навас и Гаел Клиши, а денес медиумите тврдат дека послдниот е на мета на Ливерпул!
Добро информираниот „Ливерпул Ехо“ тврди дека раководството на „црвените“ сериозно размислува да му понуди договор на Клиши. Тоа може да биде одлично решение за левата бековска позиција, бидејќи е искусен и добро ја познава Премиер лигата.
Клиши има 31 година и сигурно уште неколку сезони може да игра на највисоко ниво, па челните луѓе на Ливерпул наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а предност е тоа што можат да го добијат без обештетување.
Французинот има големо искуство во Премиер лигата, бидејќи пред Манчестер Сити настапуваше и за Арсенал.