Словенците со ремито против Чешка во Вараждин се простија од Европското првенство.
На Вујовиќ и друштвото им беше потребна победа за да се надеваат на пласман во следната фаза, но тоа не се случи. Вујовиќ по натпреварот повторно беше остар кон судиите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Словенците во последните секунди бараа пенал над Маргуч кој не беше досуден, а Вујовиќ повторно полуде и беше остар во изјавата по натпреварот.
„Тоа беше чист пенал, а судиите ми кажуваат дека дозволиле предност. Ете, на никого освен на нас не му е гајле што Словенија испадна, но ќе извлече поука од сето ова. Ние мораме да се навикнеме дека на секој натпревар мораме да бидеме подобри за неколку голови од противникот за да победиме. Бидете сигурни дека Словенија нема во блиска иднина да биде домаќин на некое големо натпреварување“, изјави Вујовиќ.