Поранешниот тренер на Вардар и актуелен предводник на Железничар Ниш, Веселин Вујовиќ нема да седне на „жешкото столче“ на клупата на унгарски Веспрем по отказот кој го доби Љубомир Вранеш откако загуби од Вардар во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вујовиќ објасни дека имал повик од унгарскиот клуб, но дека има и проблем. Тој не ги прифаќа нивните услови да почне со работа веднаш и да биде до крајот на сезоната.
– Јас сум човек со име и рејтинг, и не сакам да пополнувам дупки на некој друг, изјави популарниот Вујо за словенчеките медиуми.