Дома Останати Ракомет Вујо: Не ми е гајле за фудбалот переа многу пари, за ракометот ова може да биде добро

Вујо: Не ми е гајле за фудбалот переа многу пари, за ракометот ова може да биде добро

Голем број лица од спортот ги кажаа своите ставови за коронавирусот и спортот после оваа криза. Сега во јавноста се огласи и Веселин Вујовиќ.

Вујовиќ во овие моменти е во Шабац, тој сакал кратко да го напушти Загреб и да помине малку време со семејството, меѓутоа баш тогаш Србија ги затвори границите, па тој засега нема можност да се врати.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вујо смета дека ракометот може да се препороди после сето ова, за разлика од фудбалот каде што се вртат астрономски суми.

„Тоа што во фудбалот се случуваше во последните неколку години навистина не е нормално. Да се плати 100, 200 или 300 милиони евра за некого, па кој и да е тој за мене е еднакво на лудост. Кога читам за тие трансфери помислувам дека таму се перат големи суми. Не е нормално секој просечен фудбалер со една добра сезона да се обезбеди себе и своите потомци до крајот на животот“.

„Од друга страна во помалите спортови многу големи играчи мораат напорно да работат цела кариера за да имаат пристоен живот. Затоа мене не ми е гајле што ќе биде фудбалот. Ракометот сега може да доживее убава работа. Може да се случи изедначување на пазарот , ќе престане монополот на неколку клубови, а ракометот може да се врати на почетоците. Од овој цел хаос многу можат да профитираат стабилните средни клубови како што е и Загреб. Пр: Зошто Циндриќ и Карачиќ да одат во друга земја кога сега истиот износ ќе го добијат и дома? Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата, но јас мислам дека ракометот може многу да профитира, очекувам да има повеќе клубови со исти амбиции тоа би било прекрасно“, објасни популарниот Вујо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ донесе конечна одлука за Драган Начевски!

Судот на Европската ракометна федерација денеска донесе конечна одлука за Драган Начевски …