Доскорешниот голман на РК Вардар, Страхиња Милиќ, најверојатно ќе застане на голот на новиот српски проект, Железничар.

Популарниот Џамбо повторно ќе се спои со Веселин Вујовиќ, велат неофицијалните информации од Ниш. Железничар имал намера да ја искористи новонастанатата ситуација со Страхиња Милиќ и да го доведе во своите редови, како дополнување на амбициозните планови.

Овој клуб го освои Купот на Србија, се пласира во СЕХА-лигата и во Купот на ЕХФ, а сега планира да атакува на титулата во својата земја и на место во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ бара мини-лиги: Шест европски меча не се доволни за развој на Вардар

Тренерот на Вардар го критикува европскиот календар и предлага повеќе натпревари наместо б…