Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Стоилов прво треба да го објасни непочитувањето кон Стевче

Вујовиќ: Стоилов прво треба да го објасни непочитувањето кон Стевче

Новиот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ се врати на клупата на Вардар и привлече големо внимание од медиумите, не само во Македонија, туку од Балканот.

Миленикот на „Комитите“ сега зборуваше во интервју за „Балкан Хендбол“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога ќе ги погледнеш социјалните мрежи од 500 пораку дури 480 се негативни кога е Стевче во прашање. За мене тој е одличен тренер и феноменален човек, но му недостасува харизма, има нешто што на луѓето не им се допаѓа. Стевче прекрасен човек, би го носел на грб до Ниш. Луѓето тоа не го знаат, тие само ги гледаат гестовите на телевизија и врз основа на тоа го градат мислењето за него“, изјави Вујо.

Тема беше и Стојначе Стоилов кој изјави неодамна изјави дека Вардар со заминувањето на Алушовски би се вратил 10 години назад.

„Не сакам да коментирам додека не слушнам од Стојанче што мислеше со таа изјава. Тој треба прво да ги објасни гестовите непочитување кон Стевче на тајм-аутите, а потоа да се залага за него“, порача Вујовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…