Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Не ја отфрлам можноста да се вратам во Вардар!

Вујовиќ: Не ја отфрлам можноста да се вратам во Вардар!

Легендарниот Веселин Вујовиќ на големо изненадување го напушти кормилото на ППД Загреб иако имаше тригодишен договор со хрватскиот клуб.

После неговото заминување од Загреб некои медиуми почнаа да шпекулираат дека би можел повторно да се врати на кормилото на Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Миленикот на „Комити“ во разговор со црногорските медиуми не ја исклучи можноста да се врати во Скопје.

„Прво сакам да кажам дека заминувањето од Загреб воопшто не е некаков трик за да го преземам Вардар. Имам семејни работи кои во следните неколку месеци мора да ги завршам“.

„Што се однесува околу шпекулациите за враќање во Вардар, тие гласини беа активирани уште веднаш откако беше објавено враќањето на Михајловски. Не ја исклучувам можноста да се вратам во Вардар, откако ќе ги решам моите приватни проблеми“, изјави Вујовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…