Дома Трансфер зона Вулверхемптон ќе плати 50 милиони евра за напаѓач кој не дал гол скоро една година

Вулверхемптон ќе плати 50 милиони евра за напаѓач кој не дал гол скоро една година

Шпанскиот тренер Хулен Лопетеги набрзо ќе го комплетира својот прв трансфер на клупата на Вулверхемптон и истиот ќе чини 50 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станува збор за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Матеус Куња кој ќе стана најскап трансфер во историјата на клубот.

Тоа што е најинтересно е фактот дека Бразилецот последен пат постигна гол на 11 мај, и тоа на средбата меѓу Атлетико Мадрид и Елче.

Овој 23-годишен фудбалер не се прилагоди во системот на Диего Симеоне, но Лопетеги во него гледа голем потенцијал и затоа нема да штеди пари.

Бразилецот пристигна во Атлетико во 2021 година од Херта за 30 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…