Дома Македонски спорт Втор пораз за фудбалерките – изгубивме и од Косово!

Втор пораз за фудбалерките – изгубивме и од Косово!

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес го претрпе и вториот пораз во Лигата на Нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерките денес беа поразени од 0:2 од Косово. Со овој пораз Македонија скоро и да ги загуби шансите за освојување на едно од првите две места во групата кој обезбедуваат ранг погоре во ова натпреварување.

Македонија по две кола е без бодови, додека Косово и Бугарија имаат по четири. Победникот беше решен уште во првото полувреме кога прво Лимани го отвори резултатот во 20. минута, а потоа Халилај на пет минути до паузата ги постави конечните 2:0.

Треба да се спомене дека нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова не настапи на овој натпревбар. Следниот предизвик за фудбалерките е против истиот ривал на гостински терен во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пророштвото на Марадона: Го претскажа токму ова што се случува на СП

Диего Марадона, една од најголемите фудбалски легенди, уште во 2018 година даде изненадува…