Дома Фудбал Италија Врие во Наполи: Агентот на Кварацхелија го налути Осимен – ти си ѓубре и срам!

Врие во Наполи: Агентот на Кварацхелија го налути Осимен – ти си ѓубре и срам!

Во Наполи работите дефинитивно се далеку од посакуваното ниво и тимот во овој момент е во криза од која засега изгледа дека тешко ќе излезе.

Од почетокот на сезоната видовме две тренерски смени, а ниту на Валтер Мацари кој е сега на клупата не му оди, па Де Лаурентис бара трајно решение и звучно име. Но, освен со резултатите Наполи има проблем и во соблекувалната.

Виктор Осимен кој претходно беше во конфликт со клубот поради објавено видео на социјалните мрежи сега го нападна агентот на неговиот соиграч Квича Кварацхелија, Мамука Југели. Нигериецот беше бесен поради изјавата на Југели дека сигурно ќе премине во Саудиска Арабија.

„Драг Мамука Југели, ти си ѓубре и срам. Незгодно ми е поради твојата смисла на расудување. Глупак! Не го споменувај повеќе моето име“, објави Осимен.

„Еве ви кажувам. Осимен на лето ќе замине во Саудиска Арабија. Квича не би прифатил да оди таму ниту за милијарда евра“, гласеше изјавата која го налути Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Возиња: Животот ми беше подобар пред Светското првенство

Возиња (40) го живее својот живот поинаку отколку порано. Пресвртната точка беше на Светск…