Репрезентацијата на Македонија во недела му гостува на лидерот во групата, репрезентацијата на Полска, а мечот ќе го суди еден од најдобрите европски судии, Антонио Матеу Лахоз.
Европската фудбалска асоцијација делегира познат и искусен судија за мечот што е од исклучително значење за двата тима. Матеу Лахоз досега и нема судено на македонската репрезентација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој 42-годишен арбитар цела деценија редовно ги суди дербијата во шпанската лига, судеше на ланското Светско првенство во Русија, а во мај годинава го повикаа да суди на дербито од ерменската лига, бидејќи клубовите Пјуник и Арарат немаа доверба во домашните судии.