После една година без професионален тенис, Рафаел Надал како 349-ти тенисер на АТП листата се врати на терените на турнирот во Бризбејн и тоа со победа.
Шпанскиот тенисер одигра солиден меч и го совлада Доминик Тим со 2:0 во сетови со по 7:5 и 6:1. Во првиот сет беше прилично изедначено, двајцата тенисери релативно лесно ги добиваа гемовите на свој сервис. Во 12-тиот гем Надал ја искористи третата сет топка и поведе со 1:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во вториот Надал покажа дека се уште може да игра на високо ниво и издоминира дозволувајќи му на противникот само еден гем за конечни 2:0.
Во наредното коло Надал ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Аслан Карацев и Џејсон Кублер. Турнирот во Бризбејн се игра до 7-ми јануари и тој е последна припрема пред Австралија Опен каде што Надал има намера да настапи.
Rafa Nadal: sidelined from tennis for almost a year
— Tennis TV (@TennisTV) January 2, 2024
Also Rafa Nadal: hits a trademark forehand winner in his first point back in singles
⚡️ @RafaelNadal #BrisbaneTennis pic.twitter.com/qcsElyFpQT