Дома Останати Тенис Враќање и пораз на Серена Вилијамс

Враќање и пораз на Серена Вилијамс

Американската тенисерка Серена Вилијамс денеска беше поразена на првиот натпревар од долгата пауза. Беше поразена од тенисерката од Латвија Јелена Остапенко со 2:6, 6:3, 5:10 на турнирот во Абу Даби.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Серена не играше од јануари кога го освои Австралија Опен победувајќи ја Венус во финалето, а денеска одигра сосема пристоен меч против 7. тенисерка на светот.

Латвијската тенисерка добро го отвори натпреварот и првиот сет го доби со 6:2, по што Серена веднаш одговори и го доби наредниот сет со 6:3. Сепак, на крајот Јелена беше подобра во последниот сет со 10:5 и славеше победа.

Серена после натпреварот порача дека чуството е прекрасно што повторно е на тениските терени.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…