Дома Фудбал Англија Во Јунајтед веќе се каат поради Санчез?

Во Јунајтед веќе се каат поради Санчез?

sanchez

Oдредени членови на извршниот одбор на Манчестер Јунајтед наводно се пожалиле дека Алексис Санчез сепак бил лош потег.

Иако Чилеанецот одигра само неколку натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед, одредени ченови од одборот на „црвените ѓаволи“ сметаат дека немало потреба Алексис Санчез да биде доведен во јануари.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Го пуштија Хенрик Михтаријан, а пристигна Санчез, но 29 годишниот фудбалер на почетокот на својата авантура на „Олд Трафорд“ не импресионираше и постигна само еден гол на седум натпревари.

Како што пишува „Ел Паис“ одредени членови на ИО Јунајтед сметаат подобро ќе било Санчез да биде доведен на лето како слободен играч.

Јунајтед за доведување на Санчез беше во борба за градскиот ривал Манчестер Сити и поради тоа мораа да му понудат најголема плата на Островот (550.000 фунти). Ваквиот потег наводно предизвикал бес кај останатите фудбалерите на „ѓаволите“, пред се кај Пол Погба.

Сепак, треба да  истакне дека Санчез беше желба на Мурињо и Португалецот го сакаше веднаш поради ризикот да го изгуби доколку чека до лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…