Дома Фудбал Италија Во Јувентус сметале дека Роналдо може лошо да влијае, но се брзо се променило

Во Јувентус сметале дека Роналдо може лошо да влијае, но се брзо се променило

Кристиано Роналдо вчера ги замолчи сите свои критичари со хет-трикот против Атлетико и сега нема сомневање дека неговиот допринос за „старата дама“ е огромен.

Дека значењето за Роналдо за тимот на Јувентус е огромно потврди и неговиот соиграч Даглас Коста, но и призна дека имал соменвање пред Кристиано да пристигне во Торино. Бразилецот не бил сигурен како неговото присуство ќе влијае на атмосферата во соблекувалната.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Кога пристигна си помислив. Ни се придружи најдобриот играч во светот, зарем не?…Кога тој доаѓа тогаш значи дека клубот напредувал во секој аспект. Неговиот допринос лесно се забележува“, изјави Коста и продолжи:

„Постигнува голови секоја недела, донесе повеќе навивачи на стадионот и се надевам дека ќе освоиме многу заедно“.

Потоа Бразилецот зборуваше за карактерот на Роналдо.

„Тој е човек за пример, напорно работи и секогаш е со нас. Ако не сака да разговара со мене, со кого ќе разговара? Зборуваме само на португалски…Кога започна да се пишува за негово доаѓање се запрашав како сето тоа ќе влијае на ситуацијата во соблекувалната“.

„Мораме да се сакаме едно со други како соиграчи бидејќи сите сакаме да имаме место во тимот, а Кристиано сите нас не придоби многу брзо…Едноставен е, работи напорно и сака да победува. Јувентус бараше играч со таков менталитет и тој нас ни даде многу“, заврши Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…