Дома Фудбал Во Јувентус лути: Сари и покрај болеста си „тера“ по свое

Во Јувентус лути: Сари и покрај болеста си „тера“ по свое

Стратегот на Јувентус, Маурицио Сари го пропушти првото коло во кое неговиот тим забележа победа против Парма 0:1 поради воспаление на белите дробови.

Прбо беше најавено дека Сари ќе го пропушти и натпреварот од второто коло во кое Јувентус ќе го игра дербито со Наполи, меѓутоа од вчера се појавија информации дека Сари ќе биде на клупата за тој натпревар.

Болеста на Сари воопшто не е наивна и пред околу една недела докторот од Италија збпруваше за сериозноста и потенцираше дека 10% од луѓето не успеваат се излечат. За Сари во целост да се излечи мора да ги остави цигарите или барем да ги намали.

Меѓутоа како што објавија италијанските медиуми Сари не го направил ниту едното, ниту другото и си продолжил со старата навика, без да ги почитува советите на докторите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беласица пред тренерска промена: Цицмиловиќ поднесе оставка пред дуелот со Охрид

Раде Цицмиловиќ се повлече од лични причини, а струмичкиот второлигаш треба да избере него…