Во спортската сала Јордан Мијалков во Штип се одржа држвното сениорско првнество на Македонија, на кое учествуваа 80 натпреварувачи од вкупно 25 клуба.
Во машка конкуренција во -60 килограми првото место го освои Емил Павлов кој во финалето го совлада Шабан Муртиши со 2-0. Во конкуренција во -67кг. Ненад Келебиќ во борбата за златен медал беше подобар од Роберто Ацковски со 5-2. Азиз Исмаил го освои златниот медал во категоријата -75кг. кој во финалнаиот меч го победи Доан Османи со 4-0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во категорија -84кг. најдобар беше Берат Јакупи кој по судиско изјаснување беше подобар од Петар Спасеновски, додека во тешката категорија +84кг. Жарко Арсовски го совлада Семир Ќосовиќ со 2-0. Во тимското натпреварување кај мажите екипата на КК Штип од Штип го совлада Металург од Скопје со 3-2.
Кај дамите во најлесната категорија -50кг. Сара Радичевска беше подобра од Драгана Манговска со 4-1. Приматот најдобра во -55кг. и припадна на Симона Заборска која во финалето ја совлада Моника Пендаровска со 2-1. Вероника Костовска беше најдобра во -61кг. откако во финалето ја победи Наташа
Стефановска со 4-3. Во -68кг. поради прв освоен поен Ангела Мојсовска ја совлада Бојана Манева, додека во тешката категорија +68кг. приматот за најдобра и припадна на Драгана Тодоровска која во финалето ја совлада Ева Блажевска со 4-1. Во екипна конкуренција тимот на Макпетрол беше сигурен против екипата на Металург.
Во кати во машка конкуренција индивидуално шампион е Ферри Исиќ, додека екипно тимот на Гладијатор од
Велес.
Кај дамите во ката шампионка на Македонија е Пулексенија Јованоска, додека екипно шампион е тимот на Ронин од Прилеп.
Државното првенство за сениори е првиот дел од делот за обезбедување репрезентативен статус за Европското првенство Нови Сад во мај месец. Вториот дел ќе биде балканското првенство кое ќе се одржи во Истанбул на 24 и 25 март, на кое право на учество ќе имаат првите четири пласирани каратисти на државното првенство од секоја категорија.