Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Шкендија претпазливи: Почнуваме од нула

Во Шкендија претпазливи: Почнуваме од нула

Шкендија во реванш дуелот од втората квалификациска рунда во Конференциската лига на УЕФА против летонскиот претставник Валмиера влегува со предност од 2:1.

Сепак тренерот Артим Шаќири повика на претпазливост и истакна дека во реваншот се почнува од нула.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Утрешниот меч со Валмиера го дочекуваме подготвени. Без разлика на резултатот од првиот меч кој го добивме ние максимално ќе влеземе и на реваншот. Почнуваме од 0:0 и нема теорија да се потпреме на тоа што се случуваше на првиот меч. Нема ништо лесно и ќе покажеме дека заслужено сме победле на гостински терен. Да ја потврдиме победата и на домашен терен. Барам поддршка од навивачите“, изјави Шаќири.

„Имаме позитивен резултат од Летонија, но видовме дека тие се незгодна екипа која создава многу шанси. Успеавме да ги неутрализираме во Рига, но ќе мора тоа да го повториме и тука. Навистина ќе треба повторно да одиграме на максимално ниво, без залажување дека се е веќе завршено и со поддршка од навивачите да дојдеме до третото коло”, истакна фудбалерот на Шкендија, Бруно Дита.

Мечот на Арената Тоше Проески се игра утревечер во 20.00ч  и доколку Шкендија се пласира понатаму во 3-то коло од Конференциската лига ќе игра со  подобриот од дуелот АИК – Ворксла.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…