Дома Македонски спорт Во ЦСКА ги почитуваат „лавовите“: Македонија има квалитет, но ние играме дома и сакаме победа

Во ЦСКА ги почитуваат „лавовите“: Македонија има квалитет, но ние играме дома и сакаме победа

Утре на програмата е реваншот помеѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија кој „лавовите“ ќе го играат на гостински терен во Бугарија.

ЦСКА важи за фаворит во овој двомеч, па така притисокот по ремито без голови во Скопје е на нивна страна. Сепак, тренерот Саша Илиќ не го потценува македонскиот тим и знае дека и во реваншот нема да им биде лесно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова се европски квалификации и сите екипи кои се тука имаат квалитет. Така и утре ќе играме против квалитетна екипа, но ние ќе играме пред нашите навивачи и се надевам на добар резултат со кој ќе се пласираме во следната фаза“.

Во ЦСКА освен Митков, Бисмарк и Папазов кои не играа и во Скопје нема нови повредени или отсутни.

„ЦСКА треба да создава повеќе шанси и свесен сум за тоа. Работиме на нашите недостатоци и се надевам дека ќе биде подобро, задоволен од желбата и енергијата која ја покажува тимот“, изјави Илиќ.

Реваншот е закажан за утре во 19:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…