Норвешкиот атлетичар Јакоб Ингебригцен успеа да го собори светскиот рекорд во сала на 1.500 метри, тој истрча со време 3:30,60 минути. Ова време го постави на вчерашниот митинг во Франција, Левин.
Рекордот од 3:31,04 кој беше поставен во февруари 2019 година го држеше Самуел Тефера од Етиопија кој исто така учествуваше во оваа трка и заврши на второто место.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се надевав на личен рекорд, не ни сонував дека можам да поставам нов светски рекорд“, изјави 21-годишниот Норвежанец.
За него ова е прв поставен светски рекорд во кариерата. Ќе потсетиме дека тој е олимписки шампион од Токио.