Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ истакна дека неговата екипа во синоќешното четвртфинале против Русија уште еднаш покажа карактер и истакна дека ќе ужува во претстојното полуфинале против Англија.
Хрватска се пласираше во полуфиналето на Мундијалот, откако по пенал рулетот ја елиминираше селекцијата на домаќинот Русија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Уште една драма за нас. Не игравме добро во првото полувреме, не ја контролиравме играта онака како што сакавме. Од почетокот на второто полувреме игравме многу подборо, но за жал не успеавме да го завршиме мечот“, истакна Модриќ.
Фудбалерите на Хрватска за местото во големото финале ќе се борат со селекцијата на Англија.
„Повторно покажавме карактер. Во полуфиналето сме и ќе уживаме во тој меч. Имаме доволно време да се одмориме и добро да се подготвиме“, истакна Модриќ.
Полуфиналето е на програмата на 11. јули во Москва.