Дома Фудбал Италија Во Србија уште ќе треперат: Јувентус без Влаховиќ викендов

Во Србија уште ќе треперат: Јувентус без Влаховиќ викендов

Со поразот од Бенфика (4:3) во петтото коло од Лигата на шампионите, Јувентус пролетва ја загуби шансата да го продолжи настапот во елитното европско натпреварување, а воедно остана и без својот напаѓач Душан Влаховиќ кој се повреди на натпреварот против португалскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Следниот натпревар Јуве го игра утре од 18 часот во 12. коло во италијанската Серија А кога ќе го пречека Лече, а тренерот Масимилијано Алегри на тој меч нема да може да смета на Влаховиќ.

Во најавата за тој натпревар Алегри се осврна на моменталната состојба со повредата на Влаховиќ и потврди дека српскиот напаѓач се уште не е опоравен.

„Влаховиќ не се опорави, има болки во адукторот. Локатели има приватни причини, а за другите кои не се со нас веќе знаете. Сепак, имаме доволно играчи за да одиграме добар натпревар во сабота против организиран тим“, изјави Алегри.

Засега нема конкретни информации кога Влаховиќ ќе може да се врати на терените, меѓутоа информациите се дека не се доведува во прашање неговото учество на Мундијалот во Катар за Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клубот го доведе бесплатно како дете: Сега е откритие на Светското првенство и вреди 50 милиони евра

Современиот фудбал сведочи на смена на генерации во која познатите имиња полека се повлеку…