Дома Фудбал Англија Во редовите на Кристал Палас пристигнува некогашниот голман на Ливерпул

Во редовите на Кристал Палас пристигнува некогашниот голман на Ливерпул

Кристал Палас доведува во своите редови ново засилување, а во прашање е некогашниот голман на Ливерпул, Диего Каваљери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој 35-годишен голман пристигнува од Флуминенсе, за кој бранеше на 204 натпревари во лигата, потпиша четиримесечен договор, односно до крајот на оваа сезона.

Покрај тоа, постои можност Каваљери да го продолжи договорот на уште една година со Кристал Палас.

Рој Хоџсон инстистираше тој да пристигне, потребен му е голман имајќи предвид дека се повреди Сперони и дека нема наскоро да се врати.

Вејн Хенеси бранеше против Тотенхем изминатата недела, беше феноменален, но порано на негова адреса пристигаа доста критики од фановите на клубот.

Каваљери дури две години беше член на Ливерпул, но интересно е што никогаш не настапил во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Богат европски клуб го бара Малдини за директор

Паоло Малдини нема ангажман откако ја напушти позицијата технички директор на Милан. Зошто…