Дома Фудбал Лига на шампиони Во Реал се радувале на поразот на Јувентус од Атлетико поради две причини

Во Реал се радувале на поразот на Јувентус од Атлетико поради две причини

ronaldo

Фудбалерите на Јувентус во средата беа поразени на гостувањето во Мадрид против Атлетико со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ важи за еден од најголемите фаворити во Лигата на шампионите, но ги разочараа своите навивачи со лошата игра и поразот од Атлетико. Негативни коментари имаше и за Роналдо кој имаше и конфликт со навивачите на Атлетико.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо беше дочекан со силни свирежи и дофрлувања од трибините, но ниту тој не остана должен и им одговори покажувајќи пет прста (алудирајќи на тоа колку титули има во Лигата на шампионите). Јасно, нетрпеливоста произлезе од тоа што Роналдо со години играше за големиот градски ривал на Атлетико, Реал Мадрид.

Денес шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалерите на Реал Мадрид заедно го следеле овој натпревар во кој навивали за градскиот ривал и се радувале на поразот на Јувентус. Во таборот на „кралевите“ посакуваат Јувентус да испадне уште во првата рунда од нокаут фазата.

Причината според „АС“ не е само Роналдо, туку и лошата традиција која ја имаат „кралевите“ против „старата дама“ кога станува збор за натпревар од нокаут фазата (со исклучок на финалињата).

Сепак останува да се одигра реваншот и дефинитивно доколку овие информации кои доаѓаат пред се од мадритските медиуми ако се точни ќе го натераат Роналдо да им одговори, секако ако Јувентус го сврти резултатот во своја корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…