Кристијано Роналдо најверојатно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Роналдо во кралскиот клуб стигна пред девет години и успеа да освои се што можеше да се освои. Сепак, се чини дека Португалецот е желен за нов предизвик, а одлуката да замине во Јувентус го изненади фудбалската јавност.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На сантијаго Бернабеу веќе на големо се размислува кој ќе биде замената за Роналдо. Според пишувањата на шпанските медиуми, Флорентино Перез веќе има листа на играчи кои сака да ги донесе, а јасно е дека Еден Азар е прв на листата.
Мадридски АС утрово пренесува дека Реал Мадрид е сигурен дека Азар ќе дојде доколку Роналдо замине, а за Белгијанецот спремиле и специјален број. Азар наводно ќе ја добие седмицата на Роналдо која носи голема одговорност после се што постигна Роналдо.
Пред Роналдо овој број го носеше легендарниот Раул, а сигурно навивачите на Реал нема да имаат ништо против новиот сопственик на седмицата да биде токму Азар.