Дома Фудбал Во ПСЖ бесни: Од медиумите дознавме дека Мбапе е позитивен!

Во ПСЖ бесни: Од медиумите дознавме дека Мбапе е позитивен!

ПСЖ остана без уште една ѕвезда за отварањето на Лига 1, Килијан Мбапе ќе мора во карантин.

Резултатот на Мбапе од тестот направен пред Хрватска бил позитивен, па тој веднаш го напуштил кампот на „триколорите“ и заминал дома.

Меѓутоа никој од федерацијата на Франција не ги известил во ПСЖ за ситуацијата на Мбапе.

„Вакво нешто е неприфатливо, од медиумите дознавме дека Килијан е позитивен. Објавија соопштение, го испратија дома, а нас никој не не извести! Ќе повторам, ваков однос е неприфатлив, покажаа непочитување кон нас“, изјави спортскиот директор Леонардо.

ПСЖ во своите редови сега со Мбапе има седум позитивни фудбалери на Ковид-19. (Нејмар, Ди Марија, Паредес, Икарди, Маркињос и Навас).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куп-битката со Тиквеш го отвора новиот домашен престој на Вардар во ФФМ

Вардар ќе ги пречека Тиквеш и Струга ТЛ во тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Првиот пре…