По 30 минути во СЦ „Борис Трајковски“ македонската женска репрезентација има негатива против Холандија од минус осум (9:17)
За разлика од тврдиот почеток на натпреварот со Франција, со Холандија денес од самиот старт гостите лесно ја погодуваа нашата мрежа. Брзо преку Игнер постигнаа Холанѓанките поведоа со 2:0, а ние во четвртата минута преку Дабевска го постигнавме првиот гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По тој гол на Дабевска следуваше серија на Холандија 0:4, за таа серија на гостинските ракометарки придонесе и исклучувањето од две минути на Симона Маџовска во шестата минута.
Избраничките на Савевски серијата ја прекинаа во 10-тата минута кога преку Кипријановска намаливме на 6:2. Со голот на Ангела Јанкуловска во следниот напад и за првпат успеавме да врземе и два гола. (3:6).
По тие наши два гола следуваа три на Холанѓанките, за точно на средина од полувремето преку Моника Јанеска да намалиме на 4:9. Не сме менуваше многу сликата на теренот и во следните минути, играта во одбраната беше нешто што недостасува во нашата селекција.
Сара Ристовска имаше одлични минути во кои изнуди пробивање при еден напад на Холандија и постигна два брзи гола, па во 22. минута имавме 7:13. Треба да се спомене и одбраната на Матеа Чурлиновска пред голот на Ристовска. Претходно една запиша и Јована Мицевска.
На пет минути до крајот од првиот дел Ристовска повторно украде една топка ја пронајде Јована Саздовска која не пропушти да реализира зицер за 8:14.
Со оглед на неколку не реализирани контри кои ги имавме негтивата од минус осум која ја имавме сигурно можеше да биде и помала.
Најефикасна на полувремето беше Ристовска со три гола, Јанеска постигна два, а по еден имаа Дабевска, Кипријановска, Саздовска и Јанкуловска.
Фото: ЕХФ