Дома Македонски спорт Мак баскет Во Перм патуваме ослабени: Вашингтон Стејт не го пушти Јакимовски

Во Перм патуваме ослабени: Вашингтон Стејт не го пушти Јакимовски

Иако во стручниот штаб на нашиот национален тим силно го посакуваа тоа, сепак, Андреј Јакимовски нема да биде дел од селекцијата која ќе игра на квалификацискиот турнир кој од 18. до 22. февруари ќе се игра во Перм.

„Добивме и официјална писмена потврда од Универзитетот Вашингтон Стејт со која нè информираат дека Андреј Јакимовски не може да биде ослободен од обврските во тој временски период. Го прифативме тоа, ќе играме без сите кои ќе ги немаме на располагање“- потврдува спортскиот директор на нашиот национален тим, Тодор Гечевски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од останатите наши интернационалци, првиот дел од подготовките во Скопје, поради професионални клупски обврски ќе го пропуштат уште и Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Димитријевиќ сo неговиот клуб Хувентуд се учесници на финалниот турнир од „Купот на Кралот“ во Шпанија кој се игра во периодот од 11. до 14. февруари во Мадрид.

Ѓуроски со ХЛА Аликанте, на 13.февруари, од 18.30 часот, има натпревар од „ЛЕБ Оро“ лигата на Шпанија, на гостински терен, против екипата на Ковиран Гранада.

Според претходно договореното, чартер-авионот на нашиот национален тим на 15.февруари полетува кон Русија, поточно до Перм, каде на 18.февруари е првиот од четирите квалификациски натпревари за пласман на Евробаскетот 2022 година.   

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…