Клубот од Париз има намера да и создаде нови проблеми на Барселона…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако изминатото лето ПСЖ го шокираше фудбалскиот свет со трансферот на Нејмар изгледа дека сега „светците“ имаат намера да и зададат уште еден тежок удар на Барселона.
Француски „Telefoot“ пишува дека ПСЖ преговара со менаџерот на Фелипе Кутињо, фудбалерот на Ливерпул и бразилската репрезентација кого Каталонците веќе долго време се обидуваат очајнички да го доведат, а посебно голем напор вложија во финишот од преодниот рок.
Сега Кутињо е мета и на ПСЖ, а тоа може да отвори и нови проблеми помеѓу Французите и Барселона. Откако трансферот на Нејмар предизвика тензии помеѓу двата клубови, сега тие би можеле да бидат зголемени. Ж
Доколку ПСЖ успеа да го доведе Кутињо, управата на Барса ќе „полуди“. „Теlefoot“ тврди дека ова не се само празни пишувања и дека бил одржан состанок со луѓето од ПСЖ и агентот на фудбалерот, минатиот понеделник.
Состанокот бил одржан во Лондон, истиот ден кога беше одржана и гала вечерта на ФИФА. Дека ова би можело да биде вистина говори и податокот дека ваква информација во јавноста пласираше и шпански „Спорт“. Значи информацијата за преговорите доаѓа од два различни извори.
