Дома Македонски спорт Во Неапол не сакаат да слушнат за продажба на Елмас: Одбиени 30 милиони евра!

Во Неапол не сакаат да слушнат за продажба на Елмас: Одбиени 30 милиони евра!

Германски Лајпциг според последните информации на медиумите понудил 30 милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но таа понуда била недоволна Де Лаурентис да му дозволи на македонскиот репрезентативец да си замине.

Во првото коло од Серија А, Елмас како и во најголем дел од минатата сезона влезе од клупата во последните 15-тина минути од средбата. Лајпциг сакаше да го доведе Елмас како замена за Конрад Лајмер и Доминик Собослаи кои се преселија во Баерн и Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така се наведува дека Наполи сака да го продолжи договорот на Елмас кој истекува во 2025 година. Според информациите на медиумите, наводно Елмас засега одбива да стави потпис и преговорите ќе продолжат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…