Aргентинецот Гонзало Игуаин од недела во недела успева да се најде во центарот на вниманието после трансферот во американската МЛС лига.
После четири години во дресот на „старата дама“ Игуаин премина во МЛС каде што го засили тимот на Интер Мајами, но искусниот Аргентинец до овој момент не се снаоѓа баш најдобро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На дебито промаш пенал за својот тим, па ќе се степаше со противнички играч, потоа во следниот натпревар постигна гол од слободен, а во последниот натпревар одново ја покажа својата друга страна.
Тимот на Интер Мајами изгуби на гостувањето кај Монтреал со резултат 2:1. За домаќините блескаше Бојан Кркиќ кој постигна гол и асистенција. Игуаин „блесна“ во третото полувреме.
Аргентинецот вербално го нападнал главниот судија кој без размислување му покажа црвен картон.
Confirming Gonzalo Higuaín was shown a red card after the game vs. Montreal for verbal abuse against the ref. pic.twitter.com/wwMwtaQbnu
— Mauro Blas (@Mauroblasss) October 18, 2020