Дома Фудбал Италија Во Милан на големо го најавија како „револуционер“, а Капело за него тврди: Не направил ништо важно

Во Милан на големо го најавија како „револуционер“, а Капело за него тврди: Не направил ништо важно

Според легендарниот италијански тренер, Фабио Капело Ралф Рагник не е најдобро решение за Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во последните месеци во италијанските медиуми многу се пишува за тоа дека Германецот ќе го замени Стефано Пиоли на клупата на Милан и ќе добие големи овластувања. Сепак, Капело не е баш воодушевен од квалитетите на Германецот.

Капело смета дека Милан треба да продолжи со Пиоли кој според него веќе дал свој идентитет на Милан.

„Не го познавам. Прочитав дека правел интересни, но неважни работи во Германија. Сега доаѓа во првенство кое не го познава многу. Пиоли изгради идентитет кој Милан го немаше. „Росонерите“ треба да го остават да оди по тој пат. Со неколку засилувања Милан повторно може да биде конкурентен“, смета Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…