Со натпреварот помеѓу Барселона и Челзи комплетирана е првата рунда во нокаут фазата во Лигата на шампиони, а за трофејот сега ќе се борат само осум екипи.
Ждрепката за четвртфиналето не носи со себе никакви правила.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, за разлика од првата рунда во нокаут фазата, кога тимовите беа поделени во два шешири и не можеа да се состанат со тимовите од својата земја во првата елиминиациска фаза, како ниту со тимовите кои зад или пред нив завршиле во групата, овојпат нема никакви правила.
Ждрепката ќе биде потполно отворена, а топчињата ќе ги извлекува селекторот на репрезентацијата на Украина и некогашен фудбалер на Милан и Челзи, Андриј Шевченко.
Тимовите кои ќе бидат извлечени први ќе бидат домаќини во првиот меч во четвртфиналната фаза.