Дома Трансфер зона Во клубот помина 18 години, сега го раскина договорот – следна дестинација Неапол!?

Во клубот помина 18 години, сега го раскина договорот – следна дестинација Неапол!?

patricio

Вест која во Европа го вклучи алармот кај неколку европски клубови.

Голманот на Спортинг и репрезентацијата на Португалија одлучи да го раскине договорот со „лавовите“ после 18 години поминати во клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Искусниот 30 годишен чувар на мрежата оваа сезона ќе го напушти Спортинг каде што настапува од 2000 година. Се очекуваше претходно да премине во Наполи кој за неговите услуги нудеше 18 милиони евра.

Во целата приказна се вмеша и Вулверхемптон кој ја понуди истата сума, но претседателот на португалскиот клуб ги одби и двете понуди.

Тој тврдеше дека агентот на Патрисио барал дури седум од споменатите 18 милиони евра што е незаконски и поради тоа ги одбивал сите понуди кои пристигнувале.

Наводно, навивачите направиле проблем со влегувањето во тренинг центарот на Спортиг откако овие приказни се појавија во медиумите.

Тоа го натерало Патрисио да го раскине договорот со клубот и сега е слободен играч. Ова значи дека сега може да го доведе било кој клуб, а најголеми шанси му се даваат на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се појави опција за Погба: Французинот добива нова шанса во Премиер лигата?!

Екипата на Јувентус не се одлучи да го задржи Пол Погба кој по истекот на суспензијата во …