Дома Фудбал Во Каталонија останаа шокирани: Гвардиола откри која е следната дестинација?!

Во Каталонија останаа шокирани: Гвардиола откри која е следната дестинација?!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека би сакал да се врати во Шпанија, но не на клупата на Барселона.

Каталонецот во едно интервју отворено призна дека би сакал еден ден да ја предводи репрезентацијата на Шпанија.

На прашањето дали би сакал да биде селектор на некоја репрезентација, Пеп одоговори:

„Са, би сакал да ја предводам Шпанија. Би сакал да го предводам тимот на Светско и Европско првенство, да го почувствувам и тоа“, истакна Пеп со напомена дека е среќен во Англија.

„Пресреќен сум што сум овде. Во Англија се зависи од успехот и резултатот, особено во големите клубови како што е Манчестер Сити. Ако не победуваш, заминуваш“, истакна Гвардиола.

Оваа изјава посебно добива на тежина бидејќи Пеп е Каталонец, а тој регион утре ќе гласа за независност, односно бара да се одвои од Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи има повеќе оружја, Сити ја има Шо: Што ќе го реши женското дерби?

Двата тима се непоразени по девет кола, но до головите стигнуваат на различен начин. Челзи…