Дома Македонски спорт (Видео) Шкендија одлична, Тракаи испратен со „три паричња“!

(Видео) Шкендија одлична, Тракаи испратен со „три паричња“!

 Екипата на Шкендија денес со почеток во 17:00 часот го одигра реванш натпреварот од третото квалификациско коло против литванскиот Тракаи.

Тракаи на првата средба во Литванија запиша победа од 2:1, но во реваншот кој се одигра во Струмица, Шкендија прикажа подобра игра и заслужено славеше со резултат 3:0


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шкендија уште од самиот старт покажа мотив и желба за надаполнување на негативата од првата средба. Првиот гол на средбата беше дел од Бесарт Ибраими кој постигна одличен погодок со удар надвор од шеснаесетникот. И покрај постигнатиот гол македонскиот претставник не се затвори, напротив продолжи да напаѓа и создава шанса.

Вториот гол беше дел на Ферхан Хасани кој постигна мајсторски погодок од слободен удар. Показател за добрата игра на Шкендија во првиот дел се 14 удари кон голот на Литванците.

Во вториот дел поголемиот дел од времето се поминуваше на средината од теренот без конкретни шанси, клубот од Тетово успеа целосно да ја „умртви“ играта и така да го одржи резултатот кој му обезбедуваше пласман во плеј-офот од Лигата на Европа. Во 72 минута втор жолт картон и исклучвање во редовите на Тракаи заработи Климавичиус. Конечните 3:0 ги постави Хасани со својот втор гол на натпреварот во 88 минута од натпреварот

Како и екипата на Вардар, Шкендија својот противник во плеј-офот од Лигата на Европа ќе го дознае на утрешната ждребка која започнува во 13:00 часот.

Голот на Бесарт Ибраими за 1:0

 

Голот на Ферхан Хасани за 2:0


Ferhan Hasani Goal FK Skendija 2-0 FK Trakai 03… by fififilive

Исклучувањето на Климавичиус во 72 минута од средбата.

 
Red card Klimavicius Shkendija 2-0 Trakai by hdlivegoals

Голот на Хасани за 3:0


Ferhan Hasani Goal HD – Shkendija (Mac) 3-0… by riqezi

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…