За ривалството помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт е добро познато и нема потреба премногу да се трошат зборови.
Сега од Аргентина ни пристигнува една навистина неверојатна снимка од пред стадионот „Монументал“ каде што не е можно да не помине навивач на Ривер во една минута.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Токму еден сигурно страствен навивач на Бока се одлучи на еден храбар, а можеби и луд потег.
Тој облече во дрес на Бока трчаше покрај стадионот на најголемиот ривал, што се случи понатаму можете да претпоставите.
View this post on Instagram
Ако некој во случај не е запозаен со ривалството помеѓу Ривер и Бока доволно е да го потсетиме на следнава ситуација.
Навивач на Ривер Плата, ни помалку ни повеќе, му ја запали куќата на својот роднина кој бил жесток навивач на Бока Јуниорс.
Меѓу нив настанала кавга околу тоа кој ќе победи во „Суперкласикото“ кое се одигра неодамна, па навивачот на Ривер се решил за доста непромислен чекор.
Ова е најдобар доказ дека ривалството кое владее меѓу навивачите во Аргентина не познава граници, па дури ни роднински врски.