Дома Фудбал Во договорот на новиот тренер на Барселона постои необична клазула

Во договорот на новиот тренер на Барселона постои необична клазула

Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу потврди дека во договорот на Кике Сетиен има клазула која се однесува на 2021 година кога се изборите за нов претседател на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона од пред неколку дена има нов тренер. Кике Сетиен потпиша договор на две ипол години и неговиот договор има важност до крајот на сезоната 2021/2022. Меѓутоа во наредната година има избори во Барселона и тоа имало влијание на договорот на Сетиен.

„Сетиен има договор на две ипол години, но може да замине и во 2021 година. Неговиот договор е потпишан до 2022, но изборите се во 2021 и во тој момент се активира клазула според која новиот претседател ако сака може да го отпушти Сетиен“, изјави за „Спорт“ првиот човек на Барселона.

Претходно во кариерата Сетиен беше тренер на Сатандер, Логроење, Луго, Лас Палмас и Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Американците загрижени за мечот со БиХ – овој податок не е добар!

Репрезентациите на САД и БиХ ќе ги одмерат силите во шеснаесеттина финалето на Светското п…