Репрезентацијата на Србија вчера беше блиску до победа против американскиот „дрим-тим“.
Јокиќ и друштвото имаа водство скоро во цел натпревар и одиграа одлични 37 минути, но попуштија во финишот, а Американците тоа го искористија да направат пресврт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Србија сега останува натпреварот за бронзен медал во кој ќе играат против Германија утре од 11:30 часот.
Пред овој натпревар од редовите на Денвер не заборавија да испратат порака за Јокиќ и неговите соиграчи.
„Борете се. Во сабота ќе играте за бронз“, објави Денвер со фотографија на која Јокиќ е во српски дрес.