Славниот германски клуб Шалке 04 викендов со евентуален пораз или нерешено ќе го израмни неславниот рекорд во Бундеслигата од 31 натпревари без победа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рекордот од сезоната 1965/66 е во сопственост на актуелниот петтолигаш Тасманија Берлин.
Претседател на клубот Алмир Нумиќ му порача на Шалке да изнајде начин конечно да победи в сабота, за рекордот да остане во нивна сопственост.
„Овој рекорд е наша култна работа. Ако останеме без него веќе никој нема да ја споменува Тасманија. Никогаш на овој рекорд не гледавме негативно. Подобро е да не споменуваат, отколку да не не споменуваат“, изјави првиот човек на петтолигашот од Берлин.
Шалке, кој во моментов е последнопласиран во Бундеслигата, е во серија од 20 порази и десет нерешени натпревари, откако последен пат победи во јануари 2020 година.